16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Деца ископале тунел и побегнале од градинка – сакале да купат Јагуар!

Две момчиња со денови копале тунел под оградата од градинката бидејќи сакале да купат Јагуар. Пешачеле до автосалонот, па сфатиле дека немаат пари…

За бегството се подготвувале неколку дена. Двете момчиња од Русија на возраст од пет години зеле пластични лопатки и копале тунел под оградата додека никој не ги гледал. Им требале неколку дена, а кога отворот бил доволно широк, погледнале последен пат околу себе и се извлекле на „слобода“. Целта им била да купат спортски автомобил.

Исползиле на улица и весело испешачиле 1,5 километри до автосалонот за луксузни возила во градот Магнитогорск. На слобода не биле долго. Ги здогледала жена која со автомобил поминувала покрај нив, запрела и ги прашала каде одат. Рекле дека побегнале од градинка и тргнале да купат Јагуар, но дека немаат доволно пари.

Ги ставила двајцата во автомобил и отишла во полиција. Дека децата ги нема, во градинката забележале после половина час.

Родителите на децата не ги пријавиле вработените во градинката, а како поминале малите авантуристи, никој не знае, пишува Гардијан.