9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Демонстрации во центарот на Скопје

Во организација на повеќе движења и здруженија, утре со почеток во 11 часот пред Собранието на РМ ќе се одржи протест против, како што нагласуваат ориганизаторите, антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност.

Во организацијата на протестот се вклучени здружението на граѓани „Преродба“, Движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет „Единствениот макeдонски пат“, Движењето за цивилизациските вредности, Организациониот одбор на Сенародниот протест за враќање на насилно одземениот суверенитет, со поддршка од „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ (МОС). Оттаму наведуваат дека покрај утрешиот, ист ваков протест ќе организираат и во понеделник (29 јануари) со почеток од 10 часот.

Организаторите го повикуваат македонскиот народ и гласачите во земјава утре да се обратат од говорница пред Собранието на РМ и да ги изразат своите мсилења и ставови за, како што велат, наметнатиот антиуставен закон.

„Со негово изгласување се уриваат темелите на државата, што води кон нејзина дестабилизација и федерализација, ќе го разгори меѓуетничкиот антагонизам и омразите и ќе создаде уште поголеми поделби, дискриминација на народот и разнебитување на општеството“, стои во соопштението на организаторите.

Оттаму додаваат дека протестот е продолжување и дел од Сенародниот протест (започнат пред 6 месеци) кон непринципиелните антимакедонски политики и одлуки на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на, како што велат туѓи, антимакедонски интереси. Ќе се протестира за враќање на насилно одземениот народен и државен суверенитет, за спасување на македонскиот народ и на македонската држава од разнебитување и уништување со цивилизациски геноцид.

Организаторите наведуваат дека во кампусот на бранителите, деноноќно е отворен пункт пред Собранието на РМ, во паркот „Жена-борец“, каде што засегнатите граѓани може да потпишат петиција против нелегитимните и штетни одлуки, акти, закони договори меѓу кои ги наведуваат промената на името, двојазичноста и договорот за добрососедство со Бугарија, што тие не ги признаваат и ги прогласуваат за невладини.

Информираат дека петицијата ќе се достави до Јавното обвинителство, pретседателот на РМ и до сите други инстанци, каде што ќе биде потребно, а истата може да се потпишува и по електронски пат на следниов линк.

„Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив граѓански цивилизиран собир и протест, упатуваме апел, Македонскиот народ – Суверенот – гласачите на РМ, своето граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизациски и секој учесник во овој мирен цивилизиран протест, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот ред и мир“, апелираат од организаторите.

Спонзорирано: