21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија се разбуди во тага: Почина познатата македонска спикерка и пејачка

Во Скопје на 85 години почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во МРТ.

Љупка Апостолова е меѓу првите интерпретатори на македонските шлагери и евергрини, кои ги пееше во живо со оркестрите на РТВ и што се дел од ризницата на естрадата чии почетоци беа кон почетокот на шеесеттите. Ќе остане запаметена по впечатливиот глас.

Погребот на Апостолова ќе биде в сабота на градските гробишта во Скопје.