11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров се сретна со Хан и Борисов во Давос

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, на последниот ден од 48. Светски економски форум во Давос, оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што оопшти МНР, во фокусот на средбата била претстојната Стратегија за проширување на ЕУ, при што Димитров ги повтори очекувањата дека истата соодветно ќе го рефлектира напредокот на Република Македонија во реформските процеси и добрососедските односи, со што ќе донесе дополнителен поттик за реализирање реална и достижна европска перспектива.

Дополнително биле дискутирани и следните чекори неопходни за исполнување на критериумите за интегрирање на Република Македонија во Унијата, како и за заедничката европска иднина на сите земји од регионот.На маргините на Форумот, во разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со поранешниот британски премиер Тони Блер, меѓу другото, станало збор и за европската иднина на нашата земја, како и за конкретните мерки во насока на подобрување на патната и железничката инфраструктура по Коридорот 8. Во оваа пригода од страна на Димитров било нагласено очекувањето кандидатскиот статус на Република Македонија во ЕУ, стекнат во 2005 година токму за време на британското претседателство со Унијата, да се ефектуира што е можно поскоро, со одлука за почеток на преговори за членство.

Учеството на Форумот во Давос министерот Димитров ќе го комплетира со средба со потсекретарот за политички прашања на Обединетите нации, Џефри Фелтман.

Спонзорирано: