10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приватната болница „Санте плус“ доби забрана за работа по смртта на родилката

Приватната болница „Санте плус“ доби забрана за работа по смртта на родилката од Кичево.

„На 23 јануари од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Свети Лазар“ („Моја Болница – Санте плус“) во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци поради што од страна на ДСЗИ записнички и со решение е дадена забрана за работа сè до отстранување на констатираните недостатоци“, соопшти Инспекторатот.

Минатата недела во болницата почина 31-годишна родилка од Кичево при породување со царски рез. Неофицијалните информации велат дека таа починала кога при воведување во целосна анестезија ѝ се затвориле дишните патишта. Докторите се обидувале да ја вратат во живот еден час и го извадиле бебето од утробата на мајката, кое исто така било без кислород. Родилката од приватната болница била однесена на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Сè уште не се знае кога настанала смртта. Од приватната клиника, но и од КАРИЛ, велат дека родилката не починала во нивната установа. Бебето, пак, е во стабилна состојба, но сè уште прима медицинска терапија.

Спонзорирано: