12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Мета: Балканот има потреба од енергетски пазар

Албанскиот претседател, Илир Мета, во својот поздравен говор на регионалната економска конференција „Иднината на Балканот“, која се одржува во Тирана, изјави дека Балканот има потреба од формирање заеднички енергетски пазар.

„Заедничкиот енергетски пазар е во интерес на сите држави во регионот“, додаде Мета. Тој исто така потенцира дека владите во регионот треба да ги преземаат сите активности во соработка со бизнисот за запирање на масовната миграција на младото население.

„Заминувањето на младите од нашиот регион го намалува потенцијалот за економски развој“, истакна албанскиот претседател.

На конференцијата учествуваат и претставници на Стопанската комора на Македонија, како и од коморите од државите од Западен Балкан.

Спонзорирано: