3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром издвојува 8 милиони денари за нови дрвја

Оваа година Општина Аеродром издвои 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини

Видот на дрвјата што ќе се посадуваат ќе го утврдуваат стручните лица од Општината, Градот Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ според потребите на секој регион и условите кои ги нуди скопското подрачје. Дрвјата ќе се садат во пролетниот и есенскиот период, во зависност од видот на садници.

„Изготвениот нацрт-план отсега ќе се адаптира годишно и ќе нуди насоки за редовно дополнување на зеленилото на целата територија на Општина Аеродром, за што локалната самоуправа секоја година ќе издвојува средства од сопствениот буџет. Оваа година имаме издвоено 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини“, соопшти Општината.

Спонзорирано: