11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Лига на нации: Ерменија најсериозен противник на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во групата 4 во новоформираната Лига на нации на УЕФА. Противници на „црвено-жолтите“ ќе им бидат селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Натпреварите во Лигата на нации ќе стартуваат од септември годинава, а ќе се играат шест кола, по две во септември, октомври и ноември.

Македонија, според коефициентот, беше носител во Д лигата откаде победниците на четирите групи за наредното издание на Лигата на нации ќе изборат пласман во Ц лигата.

Исто така, селекциите кои ќе ги освојат групите ќе играат во плеј-офот во март 2020 година, кога ќе треба да се добијат последните четири патника за Европското првенство во 2020 година.

Д лига:

Група 1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

Спонзорирано: