16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: МНР мора остро да реагира против национализмот на протестите во Грција

Опозицискта партија ВМРО-ДПМНЕ преку писмена реакција најостро ги осуди националистичките испади на вчерашните протести во Република Грција, но и објавувањето мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Република Македонија.

„Ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење клима на доверба меѓу Македонија и Грција. Палењето на македонското национално знаме, извикувањето иредентистички пароли и дефилирањето во воени и паравоени униформи се сосема спротивни на демократијата и меѓусебното почитување што треба да го градат двете земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ од соопштението.

Оттаму истакнуваат дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија мора посериозно да ги сфати сите овие непријателски гестови од страна на поединци и групи во соседна Грција и преку дипломатска нота да побара соодветна реакција од грчка страна и санкционирање на лицата што, како што велат, ги подриваат меѓусоседските односи.

„Историјата вели дека андартите преставуваат паравоена структура која дејствувала во 19 век извршувајќи злосторства врз македонскиот народ. Лица во такви униформи дефилираа на вчерашните протести, на кои присуствуваа и голем број лица од јавниот и политичкиот живот на соседна Грција. Пораката што се испрати е исклучително лоша и таа мора да биде жестоко осудена и од македонска и од грчка страна“, стои во партиското соопштение.

Спонзорирано: