3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема лавина целосно отсече познат скијачки центар во Австрија

Голема снежна лавина го отсече скијачкото одморалиште во градот Ишгл, кај Тиролските Алпи, во кое моментно се сместени околу 10.000 луѓе, објавија медиумите.

Австриските власти прогласија петто од шесте можни нивоа за опасност од лавина, што во Австрија последен пат се случило во 1999 година.

Дежурните служби интензивно работат на чистење на патиштата кон Ишгл, каде што утрово паднале нови 50 сантиметри снег.

Од раководството на скијачкиот центар истакнале дека туристите се во добро расположение и дека нема причина за загриженост.

„Ние сме добро опремени, а вакви работи често се случуваат тука, така што никој не е во голема паника. Очекуваме ситуацијата да се подобри од вторник натаму“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: