18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новоизбрани пратеници во Собранието на студиска посета во Брисел

Во рамките на програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 22 и 23 јануари 2018 година во Брисел се реализира студиска посета за новоизбрани пратеници од Собранието на Република Македонија, информираат од одделението за односи со јавност на парламентот.

Според информациите, на студиската посета учествува делегација од пратеници во Собранието на Република Македонија, во состав: Теута Биљали, Ејуп Аљими, Aгим Шаќири, Петар Атанасов и Јулијана Николова.

Учесниците во студиската посета ќе остварат билатерални средби со потпретседателите на Европскиот парламент, претседатели и членови на разни комисиии, претседателите на делегациите на Европскиот парламент со парламентите на земјите со кандидатски статус, европратеници, високи претставници од Европската комисија, претставници од Советот на Европската Унија и други, се нaведува во соопштението.

Учесниците ќе присуствуваат и на седница на Комисијата за надворешна политика (АФЕТ), на која ќе се обрати министерката за надворешни работи од Република Бугарија, Екатерина Захариева, во контекст на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија.

Целта на студиската посета е да се споделат искуствата на Република Македонија, Република Албанија и на Република Косово во евроинтегративниот процес, како и визиите во согласност со стратегијата на Европската комисија и на Советот на ЕУ за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија до 2025 година.

Спонзорирано: