11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На денешната владина седница усвоени повеќе програми од социјалната политика

Владата на Република Македонија на денешната седница по предлог на Министерство за правда ја разгледа и ја усвои информацијата за програма за обесштетување дете што е жртва или е оштетено со дејство што со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2018 година.

Исто така, Министерството за труд и социјална политика предложи, а Владата усвои повеќе програми од сферата на социјалната политика за 2018 година, како програмата за субвенционирање на потрошувачката на енергија, програма за развој на дејноста за заштита на децата, програма за остварување на социјалната заштита, како и програма за рефундирање средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80 отсто телесна попреченост на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица.

Спонзорирано: