21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ со барање кое никој не го очекуваше – еве за што се работи

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение попладнево реагира на соопштението на СДСМ, со кое владејачката партија се огласи по прес-конференцијата на Михајло Маневски.

„Македонија во времето на владеењето на СДСМ тонеше на дното на листата на ‘Транспаренси интернешнл’ држејќи го срамното 106. место. Корумпираната Влада на СДСМ повторно ја враќа Македонија во друштво на државите каде што не владее правото“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Оттаму порачуваат дека СДСМ ѝ должи одговори на јавноста кои се двајцата функционери што биле осомничени за корупција и бараат да се објасни зошто против нив не се презема ништо, односно, како што се вели, се кријат и се штитат послушниците на Заев.

„Граѓаните очекуваат одговор зошто толку долго време се одложува случајот „Поткуп“ против Зоран Заев. Граѓаните очекуваат одговор зошто нема никаква реакција од органите на прогонот за скандалот со Цареви кули. Граѓаните очекуваат одговор колку милиони евра ќе инкасира вицепремиерот Кочо Анѓушев од грчкото електростопанство и дали парите што ќе ги исплатат Грците се само за фирмата на Анѓушев или преку нив ќе се исплатат и некакви бонуси за други прашања што им се во интерес“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека владеењето на СДСМ е поврзано со корупција, а Македонија, како што велат, назадува токму поради селективната правда и злоупотребите на институциите кои се политички блокирани.