10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во посета на институциите на ЕУ во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија.

„Фокусот на посетата ќе биде остварување средби и разговори со носителите на одлуки. Се предвидува Димитров да оствари средби со заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, со генералниот директор за проширување, Кристијан Даниелсон, со претставници од Кабинетот на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, како и со европратеници. Разговорите ќе се одвиваат во контекст на евроинтегративните перспективи на Република Македонија во периодот што претстои“, соопшти МНР.

Од таму наведуваат дека Димитров ќе ја искористи можноста да ги запознае соговорниците за постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на реформската агенда, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во пресрет на објавувањето на стратегијата на претседателот на ЕК за проширувањето на ЕУ во февруари, како и објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во април.

Спонзорирано: