14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Ресен – повеќемина повредени, меѓу кои и деца

На 17.01.2018 година околу 14.15 часот на локалниот пат за с.Долна Бела Црква-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патичко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.М. (46) од с.Јанковец, ресенско и патничко возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (62) од Ресен.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и осумгодишно момче, сопатник во патничкото возило од с.Царев Двор, ресенско, додека двегодишно девојче се здобилo со телесни повреди. Сите тројца биле задржани на понатамошно лекување во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

Спонзорирано: