9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора инвестира над 60 милиони евра во развојот на зимскиот туризам

До 2020 година, Црна Гора ќе инвестира повеќе од 60 милиони евра за развој на зимскиот туризам во земјата, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, кој беше во посета на зимските скијачки центри на Колашин и Жабљак.

Премиерот потсети дека во двете одморалишта е реконструиран дел од инфраструктурата поврзана со жицниците, патеките се добро подготвени, а патиштата до градовите – проодни.

Марковиќ спомена и дека веќе е објавен конкурс за изградба на нови ски патеки со вкупна должина од четири километри.

Според него, значителни ресурси ќе бидат доделени во наредните години за развој на зимскиот туризам во Мојковац и Бијело Поље, што ќе создаде услови за нудење на подобри туристички понуди, за време на зимската и летната сезона и ќе привлече нови инвеститори.

Премиерот вели дека ова значи отворање на дополнителни работни места, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот во северниот дел на Црна Гора, каде што се концентрирани повеќето зимски одморалишта.

Спонзорирано: