17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вокер: Во Косово потребни се нови политичари

Американскиот дипламомат Вилијам Вокер побара во Косово да се оддалечи политичката класа која е произлезена од војната и на нејзино место да дојде нова политичка структура. Како што пренесуваат косовските медиуми, американскиот дипломат, кој е голем пријател на Албанците, побарал актуелното раководство на Косово да се оддалечи, а на нивно место да дојдат нови политичари.

Вокер, цитиран од истите извори, нагласил дека сите бараат промени, но тие на Косово не се случуваат. Според весникот „Бота сот“, Вокер како алтернатива го посочува движењето „Самоопределување“.