11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мистерија во хотел во Скопје – мртов е пронајден Б.М.

Маж бил пронајден мртов во хотел зад поликлиниката „Бит-пазар“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Починатото лице лежело на подот до траги од крв и метадон, а вработените во угостителскиот објект изјавиле дека лицето се претставило како Б.М., меѓутоа не оставило документи за идентификација.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.