16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат казни од МВР – полицијата казни стотина граѓани за овие сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во главниот град, информираат од МВР.

Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди и шест лица добиле телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 16 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото, без да стекнат право за управување. Еден возач е исклучен од сообраќајот бидејќи управувал возило под дејство на алкохол, како и тројца возачи почетници. Од сообраќајот исклучени се 10 нерегистрирани возила.

Во текот на изминатиот ден исто така издадени се 107 мандатни платни налози за непрописно паркирање, а 64 возила се подигнати со пајак. Деветнаесет возачи се санкционирани затоа што во своите возила не поседувале пропишана зимска опрема, а тројца поради неправилно престројување. Во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и осум пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Спонзорирано: