11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада: Се надеваме на воздржаност и брза реакција на надлежните во расветлување на убиството на Ивановиќ

Владата на Република Македонија изразува длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ.

„Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство“, се вели во соопштението.

Истовремено, се додава во соопштението, изразуваме искрена надеж дека политичките елити, како и граѓаните на Косово и Србија, ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.

„Владата на Република Македонија повикува и им се придружува на гласовите на разумот дека насилството и теророт не се решение и дека регионот треба да продолжи напред во претстојниот исклучително значаен период за сите земји во опкружувањето“, велат од Владата.

Спонзорирано: