3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Граѓаните се опростуваат од Оливер Ивановиќ

Семејството и пријателите на Оливер Ивановиќ, кој вчера беше убиен пред влезот од неговата партија во Косовска Митровица, ноќта ја поминаа во седиштето од партијата. Голем број почитувачи од вчера палат свеќи и му оддаваат почит на Ивановиќ. Косовската полиција, во меѓувреме, како што пренесуваат косовските медиуми, формирала посебен тим кој ќе ја води истрагата за убиството. Според најавите во Приштина, ако е потребно на помош ќе биде повикана и ФБИ.
Претставниците на Србите во покраината велат дека вчерашното убиство во Косовска Митровица ги вознемирило и исплашило граѓаните.

Телото на Ивановиќ ќе биде пренесено во 11 часот во Белград, а се очекува огромна колона возила да го испрати до администратиовната линија, пренесува РТС. Ивановиќ утре ќе биде погребан на Новите гробишта во Белград.

Оливер Ивановиќ беше застрелан вчера пред да влезе во неговата партија во Косовска Митровица. Наодите од обдукцијата покажале дека во него било пукано од пиштол – долга деветка, а бил погоден со шест куршуми.

Спонзорирано: