3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија нема да учествува во дијалогот со Косово сè додека не се открие убиецот на Ивановиќ

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјавил дека дијалогот во Брисел нема да продолжи сè додека не се открие убиецот на Оливер Ивановиќ.

„Дијалогот меѓу Приштина и Белград нема да продолжи сè додека не добиеме одговор кој го убил Оливер Ивановиќ. Каков дијалог?“, рекол Ѓуриќ кој вчера со делегацијата од Белград ги напушти преговорите со Приштина во Брисел.

Тој рекол дека Приштина треба да покаже кој стои зад убиството. Ѓуриќ истакнал и дека Србија е определена за дијалог и дека сите овие години се однесува на начин со кој се зачувува безбедноста и опстанокот на Србите на Косово, а дека од другата страна може да се слушнат изјави како оние кои ги дал претседателот на косовското собрание Кадри Весели дека ќе дојде до Ниш.

Лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, вчера беше убиен пред неговата канцеларија на Косово. Обдукцијата покажа дека тој бил застрелан со шест куршуми од пиштол познат како „долга деветка“. Главниот обвинител на Косово, Шикри Сила, изјави дека двајца обвинители ќе работат на истрагата за убиството, еден Албанец и еден Србин.

Спонзорирано: