12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Светските медиуми за убиството на Ивановиќ: Ќе се засилат тензиите

Светските медиуми ја пренесоа веста за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, со оценка дека овој напад најверојатно ќе предизвика етнички тензии на Косово.

По тој повод, српскиот претседател Александар Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност, по што ќе се обрати на јавноста.
Американската агенција „Асошиејтед прес“ , повикувајќи се на адвокатот на Ивановиќ, јавува дека Ивановиќ им подлегнал на повредите откако во него било пукано утрото пред канцеларијата од неговата партија. Агенцијата го опишува како еден од клучните политичари на северот на Косово со мнозинстко српско население.

Американската агенција потсетува дека косовскиот суд го осудил Ивановиќ за воени злосторства направени за време на судирот во 1998-1999 година, со предупредување дека пресудата е поништена и дека повторно судење е во тек.

БиБиСи во својот извештај наведува дека е убиен истакнат српски политичар на Косово, кој се смета за еден од умерените лидери на косовските Срби.

Ројтерс објави дека во Косовска Митровица е убиен лидер на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ наведувајќи дека во знак на протест, делегација на Белград соопштила дека го напушта техничкиот дијалог кој го води со Приштина во Брисел. Како главна вест за убиството на Ивановиќ, на својата веб-страница пренесе и руската агенција „Раша тудеј“.

Радио слободна Европа, објавувајќи ја смртта на Ивановиќ, потсети дека на последните локални избори на 22 октомври 2017 година поради заплашување на северот на Косово, четворица од неговата листа се повлекоа, како и дека неодамна му бил запален автомобилот.

Со слични вести излегоа и „Дојче веле“, „Индепендент“, „Телеграф“ и други.

Спонзорирано: