11.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ бара под итно да се најдат убијците на Ивановиќ

Европската унија (ЕУ) го осуди убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП) Оливер Ивановиќ што се случи утринава во Косовска Митровица и очекува дека косовските власти брзо ќе успеат да ги најдат убијците и да ги изнесат пред обвинител.

„Очекуване дека косовските власти за спроведување на владеење на правот нема да штедат напор за да ги најдат убијците и да ги изнесат пред правдата без одлагање. ЕУЛЕКС ќе им даде поддршка на властите во согласност со неговиот мандат”, се вели во соопштението на ЕУ.

Во Брисел се загрижени од можните последици на ова убиство врз косовското општество и бараат од сите граѓани и политички партии да бидат смирени и да и дозволат на правдата да ја заврши својата работа. Инаку, српската делегација го напушти техничкиот дијалог во Косово во Брисел и се враќа во Србија поради убиството Ивановиќ.

Тој беше застрелан утринава во Косовска Митровица.