22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Србин и Албанец го истражуваат убиството на Ивановиќ

Јавниот обвинител на Косово, Шикри Сила, изјави дека двајца обвинители го истражуваат убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

„Убиството го истражува тим составен од двајца наши обвинители, Нијази Реџа и Јова Радовиќ“, рекол Сила за БИРН. Тој додал дека засега нема осомничени.

Лидерот на граѓанската иницијатива Слобода, демократија, правда денеска беше застрелан пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.

Порталот „коха.нет“ објави дека полицијата на Косово нуди награда од 10.000 евра за релевантна информација за убиството кое Србија го оцени како терористички чин.