22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија со жестока порака по најновите случувања во регионот

Русија го осуди убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ на Косово и го оцени како кукавички чин.

„Обидите со такви методи да се постигнат политички поени придонесува за влошување на атмосферата на терор и за меѓуетнички конфлик во регионот“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Русија ги повикува сите меѓународни мисии на Косово својот мандат да го искористат да преземат сеопфатни мерки за спречување евенатуални инциденти во регионот.

„Се надеваме дека надлежните ќе спроведат детална истрага и ќе ги откријат сторителите“, соопшти Министерството.