21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Хан: Договорот за добрососедство е чекор во вистинската насока кон ЕУ

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ напиша дека денешното ратификување на договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ.

Тој оцени дека договорот истовремено претставува и пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан.

Денеска со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ Собранието го ратификува договорот со Бугарија. Воздржан гласаше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој рече дека гласал воздражно бидејќи, според него, Македонија во договорот прави отстапки и дека договорот, како што рече, не е симетричен во однос на двете држави.

Со ратификувањето, договорот стапува во сила веднаш.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше во Собранието. Од таму договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.

Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година.

Спонзорирано: