Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали сте забележале? Ситница на пенкалата која спасува животи!

Пенкалата со капачиња, какви што секојдневно користиме, во 1991 година доживеале редизајн кој кај повеќето луѓе поминал незабележано.

Имено, дизајнерите на популарното пенкало наречено Cristal Pen од компанијата BIC направиле мало дупче на врвот на капачето, а таа иновација ја поддржале сите останати големи произведувачи на пенкала.

Многу луѓе не обраќале внимание на оваа иновација. Меѓутоа, сосема ситна промена во дизајнот годишно спасува повеќе од стотина детски животи.

Во што е финтата?

Малите деца често ставаат разни предмети во уста, па така и, ако им се најде на дофат, капаче од пенкало. Возрасните пак го џвааат врвот на капачето кога се нервозни. И кај децата и кај возрасните таквото однесување може да предизвика гушење бидејќи можат да го проголтаат капачето кое потоа заглавува во душникот што им го оневозможува дишењето.

Во такви ситуации дупчето на капачето им овозможува на луѓето да добијат доволно водух, до доаѓањето на итната помош.

Спонзорирано: