17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мун подготвен за состанок со Ким, но под одредени услови

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, изјави дека е подготвен да се состане со севернокорејкиот лидер, Ким Јонг Ун, но под одредени услови. Мун ова го изјави откако двете земји се договорија да соработуваат на Зимските олимписки игри, кои  ќе почнат следниот месец во Јужна Кореја.
Мун истакнал дека е отворен за состанок со Ким за да се реши проблемот околу севернокорејската нуклеарна програма, но нагласи дека успехот на таков состанок мора да биде гарантиран пред неговото одржување. Тој порача дека ќе се залага за понатамошни разговори со Северна Кореја.
Јужнокорејското Министерство за обединување вчера соопшти дека по првиот дел од состанокот на делегациите на двете Кореи, прв од 2015 година,  Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимписки игри, кои ќе се одржуваат од 9 до 25 февруари во Јужна Кореја.
Состанокот беше одржан во демилитизираната зона, во пограничниот севернокорејски град Панмунџом.
Спонзорирано: