23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брнабиќ за „Економист“: Вучиќ ги турка сите либерални работи во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е тој кој ги турка сите вистински либерални работи во Србија, во интервју за лондонски „Економист“ вели премиерката Ана Брнабиќ, која оценува дека Вучиќ направил храбар потег кога неа ја именувал за претседателка на владата.
Во опширното интервју, Брнабиќ вели дека никогаш не запознала човек кој толку напорно работи на себе.
„Тој ги разбира грешките кои ги правел во минатото, грешките кои ги прави денеска, учи од нив и напредува. Тој е личност за пример, какви што би требало да бидат повеќе политичари на Балканот. Мислам дека сите можеме да учиме од него“, порачува Брнабиќ.
На прашањето дали е полиберална од него, Брнабиќ вели дека секој е таков на површината, но дека е невозможно тоа да се спореди, како што објаснува, таа нема толкава моќ.
„Јас немам силна политичка партија зад себе, па мене ми е многу полесно да бидам полиберлна. Од друга страна, пак, тој ги турка сите вистински либерални работи во Србија“, нагласува Брнабиќ.
Нејзиното поставување за премиер, како што вели Брнабиќ, можеби е лесно да се каже, но е многу тешко да се направи во Србија.