13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото не се смирува – Силен потрес од 7,6 степени удри северно од Хондурас

Земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 20:51 часот по локално време северно од Хондурас, во Карипското Море, покажува извештајот на официјалната интернет-страница на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) .
Земјотресот бил на 10 километри под земјината површина, а издадено е и предупредување за опасност од цунами.
Од Пацифичкиот центар за рано предупредување за цунами објавија дека по потресот настанала опасност од формирање  бранови со височина од над еден метар во Порторико и на Американските Девствени Острови.
Во моментов нема податоци за повредени или причинета материјална штета.
Спонзорирано: