20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туристите од Зермат се евакуираат со хеликоптери

Туристите од  ски-центарот Зермат во Швајцарија, кои останаа заглавени поради силните снегови, се евакуираат со хеликоптери.
Локалните служби предупредуваат на голема лавина и на можност за снемување електрична енергија во целиот ски-центар.
Полицијата вчера ги затвори патиштата што водат до областа, а во прекин се и железничките линии.
Поради високиот ризик од лавина, во моментот важи забраната за скијање и планинарење во областа оддалечена речиси 120 километри источно од Женева.
Властите изјавија дека моментно на ова место зимуваат речиси 13.000 туристи и дека ситуацијата е под контрола.
Спонзорирано: