19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва раздвижено во Владата – еве што се случуваше

Владата на Република Македонија го разгледа и го утврди текстот од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите и го достави до Собранието на Република Македонија на понатамошно усвојување.
„Со овој предлог-закон се врши усогласување со меѓународните стандарди пропишани во оваа област, се обезбедува поголема заштита на укажувачите, со што Владата на Република Македонија јасно ги потврдува политиките на борба со корупцијата“, стои во соопштението што го испрати Владата.
Денеска беше одржана 48. седница, на која, освен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите, беше усвоена и информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО, а именувани беа и нови директори на државните инспекторати.
Спонзорирано: