18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 300 килограми кокаин откриени во мебел во Филаделфија

Сојузната царина во Филаделфија соопшти дека откриле повеќе од 317 килограми кокаин сокриен во мебел, кој стигнал од Порторико.
Дрогата, чија улична вредност изнесува 22 милиони долари, е одземена уште во ноември, а била сместена во двојните ѕидови на мебелот од спални соби и кујни.
Како што се наведува во соопштението, цариниците забележале нешто необично во контејнерот за транспорт по што откриле над 250 пакети со кокаин.