17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема акција на полициските сили – уапсени над 200 мафијаши

Во заедничка акција на италијанската и германската полиција уапсени се околу 200 припадници на еден од најпознатите мафијашки кланови во Италија. Воената полиција наведе дека се уапсени членови на криминалната група Ндрангета, чие седиште е во регионот на Калабрија, пренесе „Ројтерс“.
Акцијата ја спровеле заедно со германската полиција, со оглед дека семејствата Фарао и Маринкола, кои ја предводат таа група, дејствуваат во двете земји, во секторите кои се занимаваат со производство на вино, храна, собирање отпад и погребни услуги.
Меѓу уапсените има и високи претставници кои се сомничат за корупција, но не е наведено дали тие се од Италија или од Германија. За време на акцијата одземен е имот во вредност од 50 милиони евра, а деталите од акцијата, според најавите, ќе бидат соопштени во текот на денот.