20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедија во Скопје – еве како се случил пражничниот хорор во кој почина жена

Пожарот што се случи вчера во стан во Ѓорче Петров и во кој загина жена, најверојатно, настанал од светилки на новогодишна елка, соопшти МВР.
Според информациите на полицијата, вчера околу 17 часот било пријавено дека при гасење пожар во стан на улица Шидска во Скопје на креветот било пронајдено безживотното тело на Ј.А. (62).
„Со пожарот, кој наверојатно настанал од украсни светилки на новогодишна елка, била опожарена дневната соба. Пожарот бил изгаснат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција“, велат од МВР.
Спонзорирано: