15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хојт Ји поднесе оставка од позицијата заменик на помошник-државниот секретар на САД

Брајан Хојт Ји поднел оставка од позицијата заменик на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдиле од Стејт департментот за „Ал Џезира“.
Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги информирал своите колеги во Министерството за надворешни работи на САД за напуштањето на сегашната должност.
Тој оваа позиција ја презема во 2013 година.
Неофицијално, како негов наследник се споменува поранешниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Џонатан Мур.
Колку за потсетување, веќе подолго време медиумите од регионот шпекулираа дека американскиот официјален претставник ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во Македонија, но според најновите информации, тој би застанал на чело на американската амбасада во Сараево.
Во своето најново обраќање до јавноста, преку интервју во црногорскиот весник „Вјести“, Хојт Ји истакна дека САД и во 2018 планираат да останат активно вклучени во случувањата на Балканот.