21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следува стабилно и суво време, а еве од кога да очекувате нови врнежи

Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер.

Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.

Утре ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб, во југоисточните делови и умерен југоусточен ветер. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Дневната температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Од недела ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска.

Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Спонзорирано: