12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брзале на задача, па со брзина од 100 км/ч се забиле во автобус – еден полицаец тешко повреден во Сплит

Во судир со автобус во Сплит, рано утрово тешко е повреден 40-годишен полицаец кој управувал со полициско возило.

Според првичните информации, полициското возило се забило во автобусот со брзина не помала од 90 километри на час.

Првиот удар бил на страната на возачот. Возилото се деформирало во судирот, па пожарникарите морале да го сечат кровот како би го извлекле возачот.

Во возилото се наоѓал уште еден полицаец, кој не е повреден, но е во состојба на шок.