20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Досега невидено: Кинезите тестираат соларен автопат со проѕирен асфалт (Видео)

Делница на автопат со соларни панели, долга еден километар, отворена е во Кина поради тестирање.

Соларните панели се поставени под пат околу градот Хинан на истокот од Кина, а самата површина на патот е проѕирна, како би можела сончевата светлина да допре до панелите.

Панелите покриваат 5.875 квадратни метри и можат да произведат милион киловат часови годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства, наведува фирмата која го изведува проектот.

Електричната енергија која ќе биде произведена на таа делница ќе биде користена за осветлување на авопатот и патоказите, како и за камери, осветлување на тунели и куќички за наплата на патарина.

Планот е во иднина да бидат развиени и функции за мобилно полнење на електрични возила и обезбедување интернет врска.

Спонзорирано: