6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тековен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег посебно во западниот и југозападниот дел од земјата каде во текот на ноќта имаше интензивни врнежи од снег, информира АМСМ.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Плетвар беше укината во 05.00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: