23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мртов маж пронајден во скопско Ново Село

Шеесетгодишен маж бил пронајден мртов во Ново Село, Скопско. Според информациите на МВР, вчера телефонски во полициската станица во Драчево, Б.К. пријавил дека истиот ден околу 14 часот на место наречено Печуриште го видел неговиот соселанец С.М.(60) како лежи на земјата без знаци за живот.

Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.