20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во пешак кај „Веро џамбо“ во Скопје

Дваесет и седумгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера кај „Веро џамбо“, во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 9.50 часот кога автомобил „даеву матиз“ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.С. (64), удрил во пешак В.Р. (27) од Скопје. Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.