6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во познат локал: Пијани гости му се заканувале и го тепале сопственикот

Д. П. (1992) од Тетово сопственик на Угостителски објект, пријавил дека доцна синоќа, Д. Ф.и Ј.Н. му се заканувале и физички го нападнале.

Според информациите, околу 00. 30 часот пријавените во видно алкохолизирана состојба сакале физички да се пресметаат во објектот со дел од гостите, влечејќи ги за јакни, ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги нападнат, по што Д.П се обидувал да ги смири и ги замолил да престанат и да седнат на своето место. По доаѓањето на полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и физички го нападнале.

По издадена наредба од страна на полициските службеници да престанат со насилството, истите, не ги послушале предупредувањата и почнале да ги омаловажуваат и да им се закануваат и на полициските службеници.

По обидот за приведување Д. Ф. и Ј.Н дале отпор и физички ги нападнале полициските службеници К.С. и А.С, задавајќи им удари со тупаници и клоци, по што од страна на полициските службеници употребени се средства за присилба и лицата се приведени во Полициската станица -Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: