23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Засилени мерките за безбедност во Франција за Нова Година

За време на новоогидшните празници, Франција планира да ги засили мерките за безбедност, што вклучува и распоредување на дополнителни безбедносни сили низ земјата, чиј број ќе достигне бројка до речиси 140.000, пренесуваат француските медиуми.

Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека приоритет е гарантираната безбедност и на Французите и на туристите, како и прославата да помине во мирна атмосфера.

За реализирање на планот, владата ќе мобилизира вкупно 139.400 припадници на безбедносните сили, со посебно внимание на Париз. За времена Нова година, ќе бидат мобилизирани 56.000 полицајци, 36.000 припадници на жандармеријата, 7.000 војници и над 39.000 припадници на безбедносните сили.

Вонредната состојба во Франција, воведена за време на терористичките напади на 13-ти ноември 2015 година, кога беа убиени 130 луѓе, укината е на 1-ви ноември годинава.

Спонзорирано: