20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ерјавец: Хрватската полиција го крши словенечкиот суверенитет

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека хрватската полиција, придружувајќи ги савудријските рибари, го прекршила словенечкиот суверенитет со влегување во водите на Пиранскиот залив, кој Арбитражниот суд и го додели на Словенија.

„Хрватската полиција го крши словенечкиот суверенитет. Недозволиво е странски државен орган, без дозвола, да спроведува одредени активности во нашето море“ изјави Ерјавец за ПОП-ТВ.

Поради најавата на Љубљана за парични казни на хрватските рибари од Савудрија, кои традиционално ловат во заливот, кога ќе влезат во подрачјето, кое арбитрите го пресудија во корист на Словенија, хрватската полиција вчера испрати рибари до средината на заливот.

Љубљана се подготвува за можна тужба против Хрватска пред судот на ЕУ. Со тоа ќе се обиде да докаже дека Хрватска не ги почитува европското и меѓународното право ниту пресуда на арбитражата, изјави Ерјавец и наведе дека Љубљана за тужба веќе има доволно материјал.