10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Ресен

Вчера на регионалниот пат Ресен-с.Царев двор непознато лице со своето возило удрило во пешакот З.Ч. (1966) од с.Горно Дупени, по што побегнало од местото на несреќата.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен во Медицинскиот центар -Битола. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица -Ресен.