3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Забава во Индија заврши со пожар, 15 мртви

Најмалку 15 лица загинаа во пожар што се случи во текот на ноќта во Мумбаи, во зграда на чијшто покрив се одржувала забава, соопшти полицијата.

Огнот избил по полноќ во ресторан на покривот од зградата и брзо се проширил уништувајќи го објектот за половина час. Најголем број од жртвите се жени кои биле на забавата.

Десет лица се наоѓаат во болница, а две се во тешка состојба.

Против сопственикот и менаџерот на ресторанот е поднесена пријава за убиство од небрежност, иако сѐ уште никој не е уапсен.

Спонзорирано: