14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
СВЕТ

Нова несреќа во Москва: Автобус влета во автобуска постојка

Две лица загинаа откако автобус удри во автобуска постојка во Москва.

„Автобусот удри на улицата Шодненскаја“, изјавил извор од полицијата за агенцијата ТАСС, додавајќи дека две лица загинале и нема повредени. Според неговите зборови, засега е непозната причината за несреќата, а истрагата е во тек.

Пред два дена во Москва се случи уште една несреќа, кога автобус најверојатно поради откажување на сопирачките влета во подземен тунел.