14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот маж ја убил познатата ТВ водителка пред очите на нивното дете

Жана Вебер, позната руска новинарка, смртно настрадала откако во неа пукал нејзиниот поранешен сопруг. Сè ова се случувало пред очите на нивниот деветгодишен син.

Новинарката е застрелана од близина, стои во полицискиот извештај, а во неа од пушка пукал нејзиниот поранешен сопруг Антоли Леонтиков додека се расправале околу старателството над синот Димитриј, пренесе Дејли Мејл.

Се наведува и дека Вебер била популарна телевизиска новинарка од Краснодарска област, која се наоѓа на југот на Русија.

Итната помош брзо стигнала во обид да ја спаси, но Жана им подлегнала на повредите на пат до болница.

Леонтиков, по убиството, го земал својот син, го однел кај своите родители и избегал, а кратко потоа се предал во полиција.

Спонзорирано: